|

Лазаров во Топ 3 според „Лекип“
Угледниот француски спортски дневен весник „Лекип“ во својата анализа за штотуку завршеното Европско првенство во Србија го вметна нашиот капитен Кире Лазаров меѓу најдобрите тројца играчи на шампионатот. Сосема поразлично од официјалниот избор на ЕХФ во кој немаше место за Лазаров, според новинарите на „Лекип“ во најдобрата тројка на нашиот бомбардер му прават Данецот Микел Хансен и Србинот Дарко Станиќ
Повеќе...
|

Крај на претставата
Драган Ѓукиќ (стручен коментатор)
Како започна, така и заврши. Вилбек, тој мудар тактичар, ладен и пресметан, а однадвор темпераментен како да не е скандинавец, постави тактичка замка на која српскиот тим немаше одговор, со фластерите на крилата ги спречи Илиќ и Вујин да добиваат брзи топки, ги натера да пробуваат преку средината, и само да се обидуваат да си создадат шанса. Ако воопшто ја добиеа, таму беше Ландин. Шутот 3/24 од бековските позиции често говори за тоа дека екипата немала идеја како да напаѓа и тоа најдобро објаснува зошто Србија немаше ни шанса на овој натпревар
Повеќе...
|
|

Кој последен се смее...
Иако светскиот вицешампион ја започна втората фаза без ниту еден бод, вечерва цела Данска ја слави европската титула освоена на првенството во Србија. Во финалето, жртва на Скандинавците беше токму домашната селекција која не успеа втор пат на овој турнир да го совлада истиот противник
Повеќе...
|

Срамна одлука на ЕХФ
Лазаров остана без место во Ол-стар тимот, Илиќ МВП пред Станиќ
Капитенот на српската ракометна репрезентација, Момир Илиќ е избран за најкорисен играч на Европското првенство кое финишира денеска. Илиќ е дел од тимот на финалистот Србија, но одлуката да биде прогласен за МВП е мало изненадување со оглед на фактот што очекувањата беа дека ако најкорисниот играч доаѓа од Србија, тогаш тоа ќе биде голманот Дарко Станиќ. Како капак на се, место во Ол стар тимот нема за нашиот Кире Лазаров кој ги засени своите конкуренти со бројот на постигнати голови со кој постигна и нов рекорд
Повеќе...
|
|
|